ССКЦ достави барање за средба до министерот за јавна администрација

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и другите јавни здравствени установи во Република Македонија (ССКЦ) достави официјално барање за средба до министерот за јавна администрација, г-дин Горан Минчев.

Средбата се бара во врска со информацискиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), односно неговата примена и влијанието врз вработените во здравствениот сектор.

Во своето обраќање, ССКЦ го замоли министерот да определи термин согласно неговата агенда на активности, со цел навремено да се разгледаат отворените прашања.

Раководството на ССКЦ останува посветено на редовна и конструктивна комуникација со надлежните институции во интерес на своите членови.

Преземи го официјалното барање (PDF)

Scroll to Top