Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита (Сл. Весник број 77 од 06 Април 2021)

З А К ОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА 

Член 1

Во Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 153/19, 180/19 и 275/19), по членот 248-б се додава нов наслов и нов член 248-в, кои гласат:

„Националната комисија за имунизација

Член 248-в 

(1) Заради спроведување на имунизацијата на населението, министерот за здравство формира Национална комисија за имунизација.

(2) Националната комисија за имунизација ги врши особено следниве работи:

– му предлага на Министерството за здравство мерки и активности за откривање, спречување и сузбивање на заразни болести кои се реализираат преку програма на Владата за реализација на тие мерки и активности,                                                                             – предлага план и ја координира работата на сите субјекти вклучени во дистрибуција на вакцини и спроведување на имунизацијата,
– ја следи вкупната состојба со имунизацијатa, нејзиниот опфат, квалитетот на вакцините и несаканите реакции од вакцините,  врши запознавање на здравствените работници и јавноста за потребата и предностите на имунизацијата и
– ги следи стандардите и прописите во областа на имунизацијата и нејзината имплементација, како и препораките на Светската здравствена организација.

(3) Националната комисија за имунизација се формира со мандат од четири години и е составена од седум члена избрани од редот на докторите на медицина специјалисти и тоа двајца по инфектологија, еден по имунологија, еден по епидемиологија, еден по интерна медицина, еден по педијатрија и еден фармацевт со специјализација од областа на испитување и контрола на лекови. На членовите на Националната комисија за имунизација им се определуваат заменици. Членовите на Националната комисија за имунизација имаат право на уште еден мандат.

(4) Со работата на Националната комисија за имунизација раководи националниот координатор за имунизација, кој е воедно и нејзин член.

(5) Националниот координатор за имунизација го избира Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за здравство, со мандат од четири години.

(6) Националниот координатор за имунизација треба да ги исполнува следниве услови:                                                                            1) да има завршено факултет од областа на фармацијата со специјализација од областа на испитување и контрола на лекови или медицински факултет;
2) да има положен стручен испит за лицата кои имаат завршено фармацевтски факултет или медицински факултет;
3) најмалку пет години работно искуство во соодветната специјалност;
4) да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност;
5) да е државјанин на Република Северна Македонија и
6) активно да го познава англискиот јазик што се докажува со еден од меѓународно признатите сертификати за познавање на англискиот јазик.

(7) За вршењето на работите на националниот координатор за имунизација му се исплатува месечен надоместок во висина на основицата за пресметување на платата за избрани и именувани лица утврдена согласно со Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на СРМ“ број 36/90 и „Службен весник на Република Македонија“ број 38/91, 23/97, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 и 233/18).

(8) Административно-техничките работи за потребите на Националната комисија за имунизација ги врши секретар кој се определува со решението за нејзиното формирање, од редот на вработените во Министерството за здравство и истиот не е член на Националната комисија за имунизација.

(9) Националната комисија за имунизација работи на работни состаноци кои се одржуваат најмалку еднаш месечно.
(10) За работата во Националната комисија за имунизација на нејзините членови им се исплаќа месечен надоместок во висина од 70% од минималната плата во Република Северна Македонија согласно со прописите со кои се утврдува минимална плата во Република Северна Македонија, за месеците во кои Националната комисија за имунизација одржала најмалку еден состанок. За вршење на административно-техничките работи за потребите на Националната комисија за имунизација на секретарот му се исплаќа надоместок во висина од 35% од минималната плата во Република Северна Македонија согласно со прописите со кои се утврдува минимална плата во Република Северна Македонија, за месеците во кои Националната комисија за имунизација одржала најмалку еден состанок.“.

Член 2

Во член 281 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:

„(2) Под вонредни услови и кризни состојби од ставот (1) на овој член се сметаат сите настани што претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето и предизвикуваат или може да предизвикаат таков број или вид на жртви за кои не може да се обезбеди здравствена заштита со редовна организација на работата на здравствените установи и тоа:
1) природни непогоди (земјотреси, поплави, лизгање на земјиште, снежни наноси, лавини, голомразица, град и суша и друго) и други несреќи (пожари, сообраќајни несреќи во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, несреќи во рудници, индустриски несреќи предизвикани од експлозии и други техничко-технолошки причини, паѓање на радиоактивни врнежи, прашина и талози, излевање на нафта и нафтени деривати и други отровни хемикалии, експлозиите на гасови, запаливи течности и други заразни материи кои би предизвикале масовни заразни заболувања) кои го загрозуваат животот на граѓаните, нивните имоти и животната
средина;
2) утврдено постоење на кризна состојба и
3) прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.“.

Член 3

По членот 281 се додаваат два нови наслова и два нови члена 281-а и 281-б, кои гласат:

Вршење на здравствена дејност од страна на здравствените установи во вонредни услови и кризни состојби

Член 281-а

(1) Јавните и приватните здравствените установи се должни на барање на Министерството за здравство да учествуваат во спречување и сузбивање на заразни болести, како и во заштита и спасување на населението во другите случаи на вонредни услови и кризни состојби.

(2) Неделниот распоред на работа и почетокот и крајот на работното време на здравствените установи од ставот (1) на овој член за време на вонредни услови и кризни состојби, вклучувајќи и епидемии и/или пандемии, кои учествуваат во спречувањето и сузбивањето на заразните болести, како и во заштитата и спасувањето на населението во другите случаи на вонредни услови и кризни состојби и отстранувањето на последиците предизвикани од вонредните услови и кризните состојби, ги утврдува министерот за здравство.                                                                                                                                                                                                        (3) Јавните здравствени установи на секундарно и на терцијарно ниво за кои е утврдено дека имаат исполнето услови во однос на просторот, опремата и кадарот, можат да вршат здравствени услуги од областа на молекуларната дијагностика во мрежата на здравствени установи во периодот на траење на вонредните услови или кризните состојби врз основа на дозвола за вршење на оваа здравствена дејност издадена од Министерството за здравство.
(4) Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и терапија ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи, за укажување на здравствени услуги на пациенти заболени од заразна болест во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба, согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување, во случаите утврдени со Законот за заштита на населението од заразни болести.
(5) Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои укажуваат здравствени услуги за детекција на заразна болест (со PCR метода на земен материјал назофарингеален и орофарингеален брис и бронхоалвеоларен лават, во микробиолошка лабораторија или со примена на друга метода одобрена од Министерството за здравство) ќе ја вршат оваа услуга во мрежата на здравствени установи во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба, согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.
(6) Фондот за здравственото осигурување на Република Северна Македонија склучува договор со кој ќе ги договори обемот и видот на здравствените услуги кои здравствените установи од ставовите (4) и (5) на овој член ќе ги вршат во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба, согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.
(7) Проценка на исполнетоста на условите (простор, опрема и кадар) за давање на дозвола за укажување на здравствени услуги за детекцијата на заразната болест на приватните здравствени установи од ставот (5) на овој член, врши комисија формирана од министерот за здравство, која врши увид и изготвува извештај за проценка дали здравствената установа ги исполнува условите во однос на простор, опрема и кадар за спроведување на детекцијата на заразната болест, имајќи ги предвид условите од Правилникот за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствената дејност во здравствените установи и протоколите за минимум услови во лабораторија за детекција на заразна болест, донесени согласно со насоките и протоколите на Светската здравствена организација.

Права и обврски на здравствените работници, здравствените соработници и други вработени во здравствената установа во вонредни услови и кризни состојби

Член 281-б

(1) Здравствените работници, здравствените соработници и другите вработени во здравствената установа се должни на барање на Министерството за здравство да учествуваат во спречување и сузбивање на заразни болести, како и во заштита и спасување на населението во другите случаи на вонредни и кризни состојби.
(2) Здравствените работници, здравствените соработници и другите вработени во здравствените установи се должни да постапуваат по планот за мобилизација од членот 285 став (3) од овој закон.
(3) За времетраење на вонредните услови или кризната состојба се одложува започнувањето на постапките за престанувањето на вработувањето по сила на закон, со престанок на договорот за вработување или договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, поради возраст и се одложуваат започнатите постапки за престанок на договорот за вработување или договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, кој во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба исполнува услови за стекнување на право на
старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14,
160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 180/19, 275/19, 31/20 и 267/20), односно кога ќе наполни 64 години возраст или кога со писмена изјава до работодавачот ќе побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст согласно со Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19 и 267/20).
(4) Здравствените работници, здравствените соработници и другите вработени во здравствената установа, како и другите лица опфатени со планот за мобилизација од членот 285 став (3) од овој закон, кои учествувале во спречување и сузбивање на заразни болести, како и во заштита и спасување на населението во другите случаи на вонредни услови и кризни состојби, имаат право на парична награда.
(5) Поблиските критериуми, висината и начинот на исплата на паричната награда од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за здравство.“.

Член 4

Во член 285 по ставот (2) се додаваат пет нови ставови (3), (4), (5), (6) и (7), кои гласат:

„(3) Во случаи на вонредни услови и во кризни состојби, особено случаите на епидемии, односно пандемии на заразни болести, министерот е должен да донесе план со кој ќе предвиди преземање на мерки и активности за мобилизација на здравствените работници, здравствените соработници и другите вработени во здравствените установи додека траат овие околности, кој план особено ќе опфати организација и распоред на работа и работно време, промени во местата и условите за работа на здравствените установи и нивните вработени (во натамошниот текст: планот за мобилизација).
(4) На планот за мобилизација од ставот (3) на овој член согласност дава Владата на Република Северна Македонија.
(5) Со цел реализација на планот за мобилизација, министерот за здравство, за време на постоењето на заразната болест, а заради ефикасно, ефективно и навремено дијагностицирање, третман, лекување, нега и рехабилитација на лицата заболени од оваа болест, по потреба, може со наредба да упатува здравствени работници, односно здравствени соработници и помошно-технички лица вработени во јавна здравствена
установа во мрежата на работа во друга јавна здравствена установа во мрежата.
(6) За време на извршувањето на работата во јавната здравствена установа во која се упатени, здравствените работници, односно здравствените соработници и помошно-техничките лица од ставот (5) на овој член, правата и обврските од работниот однос ги остваруваат во јавната здравствена установа од која се упатени, односно во која имаат засновано редовен работен однос.
(7) Со планот за мобилизација од ставот (3) на овој член можат да бидат опфатени и здравствените работници, здравствените соработници и помошно-техничките лица вработени во приватните здравствени установи или вработени во други правни лица, приватните специјализанти и приватните супспецијализанти и невработените здравствени работници и здравствени соработници за што истите би биле ангажирани со договор за меѓусебни права и обврски од страна на здравствената установа во која ќе бидат распределени.“.

Член 5

Во член 300 ставовите (2) и (3) се бришат.

Член 6

Во член 301 ставовите (2), (3), (4) и (5) се бришат.

Член 7

Членовите 302 и 303 се бришат.

Член 8

Членот 304 се менува и гласи:

„(1) При вршење на инспекциски надзор, инспекторот со решение изрекува опомена и определува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците утврдени со записник, доколку утврди дека за прв пат е постапено спротивно на членовите 308 став (1) точки 9, 10, 16, 17 и 18, 309 став (1) точки 9, 10 и 11, 310 став (1) точка 3 и
311 став (1) точка 3 од овој закон.
(2) Државниот санитарен и здравствен инспекторат води евиденција на изречените опомени.
(3) Формата и содржината на евиденцијата од ставот (2) на овој член ја пропишува директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.“.

Член 9

Во член 305 став (1) во воведната реченица зборовите: „6.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (2) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (3) зборовите: „600 до 900 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
Ставот (4) се брише.
Во ставот (5) кој станува став (4) зборовите: „3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (6) кој станува став (5) зборовите: „3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.

Член 10

Во член 306 став (1) во воведната реченица зборовите: „6.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „200 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 500 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 500 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (2) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „200 до 500 евра во денарска противвредност“.
Ставовите (3) и (4) се бришат.
Ставот (5) станува став (3).

Член 11

Во член 307 став (1) во воведната реченица зборовите: „5.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (2) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.                                                                                                                                                                                                  Во ставот (3) зборовите: „25.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (5) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.

Член 12

Во член 308 став (1) во воведната реченица зборовите: „3.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „200 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 500 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 500 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (2) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „200 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 13

Во член 309 во воведната реченица зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.

Член 14

Во член 310 во воведната реченица зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.

Член 15

Во член 311 во воведната реченица зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.

Член 16

Во член 312 во ставот (1) зборовите: „1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (2) зборовите: „1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (3) зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „100 до 250 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (4) зборовите: „12.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (5) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (6) зборовите: „1.200 до 1.800 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (7) зборовите: „500 до 800 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (8) зборовите: „1.500 до 2.500 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (9) зборовите: „500 до 800 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (10) зборовите: „500 до 800 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (11) зборовите: „2.200 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „200 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 500 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 500 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи
правни лица“.
Во ставот (12) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „200 до 500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (13) зборовите: „3.000 до 9.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (14) зборовите: „1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (15) зборовите: „3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (16) зборовите: „7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (17) зборовите: „10.000 до 15.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (18) зборовите: „1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (19) зборовите: „2.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „100 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 500 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 800 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи
правни лица“ и по зборовите: „на одговорното лице кај ова правно лице“ се додаваат зборовите: „ќе му се изрече глоба од 200 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (20) зборовите: „5.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“ и по зборовите: „на одговорното лице кај ова правно лице“ се додаваат зборовите: „ќе му се изрече глоба од 500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (21) зборовите: „5.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“ и по зборовите: „на одговорното лице во лабораторијата“ се додаваат зборовите: „ќе му се изрече глоба од 500 евра во денарска противвредност“.
Ставот (22) се менува и гласи: „Глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на министерот за здравство, глоба во износ од 100 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 100 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица ќе му се изрече на правното лице производител на
контролните примероци на кој му е доделен договорот за набавка и глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност ќе му изрече на одговорното лице кај ова правно лице, ако не ги чува како деловна тајна податоците за идентификациониот број на лабораторијата и шифрата на контролниот примерок согласно со членот 245-е став (5) од овој закон.“.
Во ставот (23) зборовите: „5.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“ и по зборовите: „на одговорното лице во лабораторијата“ се додаваат зборовите: „ќе му се изрече глоба од 500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (24) зборовите: „5.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“ и по зборовите: „договорот за набавка и“ се додаваат зборовите: „глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече“.
Во ставот (25) зборовите: „20.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (26) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (27) зборовите: „1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
Во ставот (28) зборовите: „1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
По ставот (28) се додаваат три нови ставови (29), (30) и (31), кои гласат: „(29) Глоба во износ од 500 до 750 евра во денарска
противвредност ќе му се изрече за прекршок на здравствениот работник, односно здравствениот соработник, односно на помошно-техничките лица ако на барање на Министерството за здравство одбиваат да учествуваат во спречување и сузбивање на заразни болести, како и на заштита и спасување на населението во другите случаи на вонредни и кризни состојби, односно не
постапуваат по планот за мобилизација од членот 285 став (3) од овој закон (член 281-б ставови (1) и (2)).
(30) Глоба во износ од 10.000 до 12.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на здравствената установа ако на барање на Министерството за здравство одбива да учествува во спречување и сузбивање на заразни болести, како и на заштита и спасување на населението во другите случаи на вонредни и кризни состојби (член 281-а став (1)).
(31) Глоба во износ од 10.000 до 12.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на приватна здравствена установа ако постапува спротивно на членот 281-а ставовите (4) и (5) од овој закон и ако не склучила договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија согласно со членот 281-а став (6) од овој закон.“.

Член 17

Во член 313 став (1) во воведната реченица зборовите: „200 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“, а зборовите: „во мандатна постапка со
издавање на мандатен платен налог“ се бришат.
Ставовите (2), (3) и (4) се бришат.

Член 18

Во член 313-а став (1) во воведната реченица зборовите: „5.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро правни лица, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за мали правни лица, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средни правни лица и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за големи правни лица“.
Во ставот (2) зборовите: „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Ставот (3) се брише.                                                                                                                                                                                              Во ставот (4) кој станува став (3) зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.
Ставот (5) се брише.
Во ставот (6) кој станува став (4) зборовите: „500 до 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „250 евра во денарска противвредност“.
Ставот (7) се брише.
Во ставот (8) кој станува став (5) зборовите: „15.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „500 евра во денарска противвредност“.

Член 19

Во член 314 бројот „313“ се заменува со бројот „313-б“.

Член 20

Во член 315-а во ставот (2) зборовите: „и мандатни“ се бришат.
Во ставот (3) зборовите: „односно мандатниот“ се бришат.
Во ставот (5) зборовите: „и мандатниот“ се бришат.

Член 21

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 76/20, 84/20, 100/20, 140/20, 156/20 и 169/20).

Член 22

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија да утврди пречистен текст на Законот за здравствената заштита.

Член 23

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Службен весник 06 Април 2021 Бр. 77 – Стр. 14-20

 

Scroll to Top