Барање за воведување на звање доктор на медицина со специјализација од шест години во ПКД

До

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија,

од група доктори на медицина со завршена специјализација во траење од шест години

Предмет: Барање за воведување на звање – доктор на медицина и доктор на стоматологија со завршена специјализација во траење од шест години во поединечниот колективен договор

Почитувани,

Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации во Република Македонија и Министерството за здравство на Република Македонија, врз основа на членовите 206, 219 и 220 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/05, 106/08 и 161/08), на 18 март 2009 година  склучија Поединечен колективен договор во делот за правата, обрските и одговорностите на  работниците и работодавецот и поединечен колективен договор во дел за плата, други права по основ на плата и надоместоци на плата.

Со Поединечниот Колективен договор на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија (во понатамошниот текст: синдикат, ССКЦ) се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавецот, како и платата, другите права по основа на плата и надоместоците на плата.

Согласно став 1 од член 6 на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија  во делот за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата (во понатамошниот текст: поединечен колективен договор, ПКД), платата на работникот за полно работно време и нормален учинок, утврдена врз основа на сложеноста на работните задачи и нормалните услови за работа, не може да биде пониска од најниската плата утврдена за одделни степени на сложеност според овој колективен договор, а најниската плата согласно став 2 од членот 7 на поединечниот колективен договор се утврдува со Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност склучена помеѓу Министерот за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија.

Согласно став 1 од член 10 на поединечниот колективен договор, најниската плата за одделни степени на сложеност се утврдува така што најниската плата за најнизок степен на сложеност се множи со утврдени коефициенти за одделни степени на сложеност, а согласно став 2 и став 3 од истиот член степенот на сложеност е утврден според степенот на образование, а поединечните работи, односно занимања се класифицираат по групи на сложеност.

Согласно став 1 од член 10 на поединечниот колективен договор, најниската плата за одделни степени на сложеност се утврдува така што најниската плата за најнизок степен на сложеност се множи со утврдени коефициенти за одделни степени на сложеност, а согласно став 2 и став 3 од истиот член степенот на сложеност е утврден според степенот на образование, а поединечните работи, односно занимања се класифицираат по групи на сложеност.

Звањата здравствени работници со високо образование од областа на медицината -специјалисти и супспецијалисти се препознаени во поединечниот колективен договор во групата даватели на јавни услуги, подгрупа здравствени работници, во занимања од IV група на сложеност, ниво-звање доктор на медицина и доктор на стоматологија –  специјалист со коефициент на сложеност од 6,273 и доктор на медицина и доктор на стоматологија – супспецијалист со коефициент на сложеност од 6,885.

Коефициентите на сложеност за звањата доктор на медицина и доктор на стоматологија – специјалист и субспецијалист во поединечниот колективен договор се утврдени и се однесуваат на степенот на образование согласно Правилникот за специјализациите и субспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.89/2006), Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за специјализациите и субспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 65/2007), Правилникот за дополнување на Правилникот за специјализациите и субспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2008) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за специјализациите и субспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 122/2010).

Овој Правилник за специјализациите и субспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование и неговите измени и дополнувања се однесуваат на програма за специјализација во траење од четири години и субспецијализација во траење од две години.

По воведувањето на Европскиот кредит трансфер систем, овој Правилник за специјализација и субспецијализација на здравствените работници и соработници со високо образование со програма на специјализација во траење од четири години и субспецијализација во траење од две години е укинат и со Правилникот за специјализации и супспецијализации на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 137/2012), е воведена програма за специјализација во траење од шест години.

Овој Правилник понатаму е надграден со Правилник за изменување на Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 121/2013), а потоа и со Правилник за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на медицината („Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/2020),

Со оглед на наведеното, ние подолу потпишаните со право сметаме дека во поединечниот колективен договор во групата даватели на јавни услуги, подгрупа здравствени работници, во занимања од IV група на сложеност, здравствени работници со високо образование од областа на медицината и стоматологијата  со магистериум, специјализација и супспецијализација во струката треба да се воведе ново звање – доктор на медицина и доктор на стоматологија со завршена специјализација во траење од шест години со коефициент на сложеност идентичен на доктор на медицина и доктор на стоматологија – супспецијалист од 6,885.

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија (ССКЦ) во целост го поддржува ова барање и во заеднички допис со барањата на медицинските сестри и на нив сродни занимања со средно стручно образование го достави до Министерот за здравство како барање на ССКЦ.

Скопје, 24.12.2021

Барањата на ССКЦ доставени до Министерот за здравство може да ги погледате тука.

Scroll to Top