Самостојниот синдикат утре на протест пред Министерството за здравство

Оттаму бараат, веднаш по завршувањето на изборниот процес, да се потпише анексот на колективниот договор за здравствената дејност, со кој треба да се зголемат платите на сите вработени во здравството…

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од ССМ утре излегува на протест пред Министерството за здравство.

Оттаму бараат, веднаш по завршувањето на изборниот процес, да се потпише анексот на колективниот договор за здравствената дејност, со кој треба да се зголемат платите на сите вработени во здравството.

„Бараме да се потпише анексот со соодветно зголемување на коефициентите на вработените, согласно зголемените трошоци на живот“, велат од Синдикатот.

*ПРЕЗЕМЕНО од МРТ.

Scroll to Top