КСС: Пратениците што нема да ги усвојат амандманите на синдикатите ќе бидат непријатели на работниците
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош
